Студиската програма по бизнис администрација е наменета за оние кои сакаат да работат во области како што се менаџмент, интернационален бизнис, маркетинг, сметководство, информатичката и комуникациската технологија, или претприемништвото.
По успешното завршување на додипломските студии во времетраење од три години, студентите се стекнуваат со следната диплома:
- Дипломиран економист по Бизнис Администрација (BA – Bachelor of Business Administration)
Наставна Програма
Согласно Болоњската декларација и ЕКТС, наставата ќе се одвива според задолжителни и изборни предмети кои имаат свои кодови; се распоредени по семестри, и степен на оптовареност и секој од нив носи определен број кредити: за еден семестар 30 кредити, за цела учебна година 60 кредити, што значи дека за три години се добиваат 180 кредити. Секој ЕКТС кредит одговара на 25 – 30 часа работа.
Во изведувањето на наставата, покрај редовно вработениот наставнички и соработнички кадар, ќе учествуваат визитинг професори од земјата и странство, како и специјалисти од економската и финансиската област. Студентите ќе посетуваат соодветни институции од овие сфери во земјата и странство, ќе имаат задолжителни едукативни семинари, а ќе биде организирана и изведувана и задолжителна практична настава (применета програма) по одделни предмети.
Листа на задолжителни предмети
- Б101 Управување со бизнис опкружување
- Б102 Управување со деловни комуникации
- Б103 Управување со бизнис менаџмент
- Б104 Управување со човечки ресурси
- Б105 Бизнис сметководство
- Б106 Претприемништво и иновации
- Б201 Маркетинг
- Б202 Управување со стратешки менаџмент
- Б203 Управување со ризици
- Б204 Дигитален Маркетинг
- Б205 Деловно право
- Б206 Социологија на организации
- Б301 Управување со социјален и културен менаџмент 1
- Б302 Контрола на квалитет
- Б303 Меѓународен бизнис и глобални пазари
- Б304 Управување со социјален и културен менаџмент 2 (КУЛТУРОЛОШКИ)
- Б305 Операциони истражувања и логистика
- Б306 Управување со транснационален бизнис менаџмент
Листа на изборни предмети
- Б107 Англиски јазик 1
- Б108 Компјутерски апликации
- Б109 Англиски јазик 2
- Б110 Банкарско сметководство
- Б207 Етика и лидерство
- Б208 Управување со финансиска криза
- Б209 Етика во бизнис
- Б210 Даночен систем
- Б307 Корпоративни финансии
- Б308 Управување со информациски системи 1
- Б309 Статистика во бизнис
- Б310 Управување со информациски системи 2
Повеќе за распоред на предмети по година на студии.
Цели на програмата
Целта на програмата е студентите да се стекнат со академско но воедно и професионално знаење за Бизнисот за да можат професионално да ги исполнат сите задачи кои ќе им бидат побарани од нив во компаниите, здруженијата или јавните органи или да бидат во можност да развијат свој сопствен бизнис. Програмата на ПВПУ„Еуро Колеџ„ Куманово им дава на своите студенти потребни професионални квалификации (теоретско знаење, знаење на управување со бизнис вештини, донесување на одлуки и сл.) за развој на идната професија и способност за систематизација на истите.
Специфични дескриптори
Дескриптори | Опис |
---|---|
Знаења и разбирање | - стекнување знаења поврзани со процесите на организирање и водење на различни форми на бизниси, управување со организации и човечки ресурси; - разбирање на структурата и улогата на општественото, економско и правно опкружување при управување со организации; - разбирање на процесот на формулирање и имплементација на бизнис и маркетинг стратегии; - разбирање на основни постулати на современиот менаџмент и други менаџерски дисциплини важни за современата менаџерска практика; - стекнување знаења поврзани со сметководство и донесување на сметководствени одлуки; - стекнување знаења за финансии во организации и корпорации, како и разбирање на финансиски системи на меѓународно ниво. |
Примена на знаењата и разбирањета | - стекнување на менаџерски вештини поврзани со структурирање, организација и водење на различни видови на бизнис; - самостојна анализа и интерпретација на релевантни информации во процесот на менаџерско одлучување; - дизајнирање и имплементација на менаџмент, маркетинг, сметководствени, финансиски, правни, операциски и ИТ стратегии во конкретен бизнис амбиент и во рамките на воспоставените етички стандарди во индустријата. |
Способност за проценка | - лидерски квалитети, градење и координирање на тимови и оценка на тимски и индивидуални перформанси, раководење и делегирање; - способност за идентификација, анализа и предвидување на промени на бизнис фактори кои влијаат на остварување на целите на компанијата и идентификација на алтернативни решенија произлезени од истите; - способност за примена на квалитативни и квантитативни методи во менаџерско одлучување и оптимизација на бизнис процеси. |
Комуникациски вештини | - концепциско размислување и ефективно комуницирање на идеи и информации на надредени и подредени лица во компанијата; - комуникациски вештини во деловно комуницирање, преговарање и градење на долгорочни релации со stakeholders на компанијата; - комуникациски вештини во ефективно справување со организациски конфликти и стрес на работното место. |
Вештини на учење | - поседува култура и капацитет за континуирано усовршување и надоградба на стекнатите знаења; - развива критичко размислување, синтетизира информации и извлекува заклучоци. |