Прва Година
Задолжителни
Управување со Бизнис Опкружување
Овој предмет опфаќа теми кои што се однесуваат на интеракцијата помеѓу организациите и нивното опкружување. Главната цел е студентите да го разберат економското опкружување кое влијае врз деловните одлуки и во рамките на кое функционираат бизнисите
Управување со Бизнис Комуникации
Главниот фокус на оваа област од студиите и улогата на менаџерот во ефективното користење на Информациските и Комуникациските методи за “од говорни во текстуални пораки“. Исто така, студентите се учат како да организираат состаноци на кои секој ќе го даде својот максимум.
Управување со Бизнис Менаџмент
Овој предмет го опфаќа менаџирањето на сопствените вештини, како и личниот развој, со цел да се постигне целта на личен прогрес и поуспешна кариера. Развојот на ефективни работни односи кои што им овозможуваат на луѓето од бизнисот да се справат со различни ситуации, вклучувајќи ги овде и конфликтните, е исто така многу важна област на студиите од овој предмет.
Управување со Човечки Ресурси (HR)
Овој предмет е поврзан со идентификацијата, планирањето, имплементацијата, реализацијата, проценката и примањето на feedback за развојот на тимот/индивидуата, со цел да се има континуирано подобрување на целокупните работни перформанси.
Бизнис Сметководство
Со овој дел од студиите се опфаќаат планирањето, менаџментот и анализирањето на користењето на физички и финансиски ресурси во релевантните бизнис активности. Снабдувањето со навремени информации до оние кои ги донесуваат одлуките, со цел да се има полесно и поефикасно планирање на ресурсите, е во фокусот на овој предмет.
Претприемништво и иновации
Овој предмет опфаќа проучување на теориите базирани на иновации и идеи , изучување на економскиот процес на иновациите на ниво на претпријатие . Главен фокус е да се разбере новата претприемачка економија и улогата на централната власт и поширокото општество во креирањето на претприемачката деловна клима
Изборни
Англиски 1
Целта на овој предмет е да ги обучи студентите за напредно ниво на англиски јазик преку автентични текстови и вежби кои ги отсликуваат најновите трендови во областа на економијата, стопанството и деловното работење
Компјутерски Апликации
Теоретски, применети и организациони прашања за големи, комплексни бази на податоци во менаџментските системи, вклучувајќи физички дизајн на базите, предвидување на архитектура, нови технологии и напредни апликации.
Англиски јазик 2
Целта на овој предмет е да ги обучи студентите за напредно ниво на англиски јазик преку автентични текстови и вежби кои ги отсликуваат најновите трендови во областа на економијата, стопанството и деловното работење
Банкарско сметководство
Главен фокус на овој предмет претставува познавање на сметководствената евиденција, регулатива и стандарди за признавање и мерење во банкарскиот систем како и сметководствените политики на банкарскиот систем
Втора Година
Задолжителни
Маркетинг
Потребата клиентите да се стават во фокусот на вниманието на компанијата, идентификацијата на барањата на инвеститорите, како и планирањето како таа потреба да се синхронизира со организациските лимити, се клучен дел од студиите од овој предмет. Е-трговијата и импликациите што ги има врз процесот на менаџирањето исто така зазема важен дел од програмата на предметот.
Управување со Стратешки Менаџмент
Наставната програма од оваа област е поврзана со распределувањето и проценката на индивидуалните и тимските перформанси, и нивната врска со постигнувањето на претходно поставените организациски цели. Менаџирањето на вработените, како и дискутирањето за теми кои произлегуваат од работните перформанси на одреден тим во една организација, се исто така вклучени во програмата на студии.
Управување со Ризици
Целта на модулот е подобро разбирање на ризикот и покажување како ризикот е составен дел од бизнисот. Преку дискусии и студии на случаи ќе се покријат главните компоненти на процесот на менаџирање на ризик: идентификација на ризик, анализа и пристап на ризик, одговор на ризик, превентивно планирање и поставување на резерви за непредвидени случаи. Посебно внимание се дава на планирање за намалување на ризикот кое ќе ги подготви идните менаџери за потенцијалните непредвидени ситуации во финансиите, маркетингот, техничките и човековите ресурси и односите со јавноста.
Дигитален Маркетинг
Целта на предметот е студентите да го разберат поширокиот контекст на дигитален маркетингот и неговата специфична примена, примена на различни дигитални маркетинг медиуми како и да разберат како функционира on-line маркетингот
Деловно Право
Студентите се учат како членството во ЕУ влијаело на економската политика на Владата на Обединетото Кралство, трговијата помеѓу земјите членки, како и можностите за трговија за Британските компании во ЕУ, и начините на кои тоа може да биде евалуирано.
Социологија на организации
Овој модул претставува запознавање со социолошките и психолошките процеси кои им се случуваат на вработените во текот на нивниот работен век . Во предметот е интегрирано знаењето на организацијата, бизнисот и социологијата и психологијата се со цел да ги разберат бизнис и човечките процеси во денешнава средина.
Изборни
Етика и лидерство
Во фокус на модулот е објаснување на разликите меѓу менаџментот и лидерството преку истражување на различни модели на лидерство и интеграција на Еврејско-Христијански етички принципи во разни функционални теми.
Управување со финансиска криза
Во фокус на модулот е да се препознаваат причинита за настанување на кризата, примена на моделите за предвидување на кризата кои се базираат на сметководствените податоци како и избор на соодветна стратегија за надминување на истата.
Етика во бизнис
Главната цел на модулот е да ги изложи студентите на многуте етички прашања кои струјат низ денешната бизнис средина. Предметот исто така ги запознава студентите со етика во поширока смисла. Идеално, студентите се фокусираат на себе-подобување и на подобрување на квалитетот на својот живот.
Даночен систем
Главната цел на модулот е да го објасни системот на даноците и оданочувањето, причините на настанување на даноците, да ги објасни индикаторите за создавање на даноци. Преку теориите поврзани со даночниот систем, студентот треба да знае како правилно да ја менаџира својата организација.
Трета година
Задолжителни
Управување со социјален и културен менаџмент 1
Главната цел на модулот е студентите да ја разберат теоријата на Вредност во Економијата; теоријата на Вредност во Културата; постулатите на Политичката Економија; Културата на Спектаклот како и противречностите на капитализмот
Контрола на квалитет
Во овој модул напредно се изучува историската еволуција на менаџментот, со посебен осврт на TQM (Total Quality Management). Студентот се подготвува во апликација на менаџерски теории на практични проблеми во планирање, организација и контрола на бизнис активности. Модулот им нуди на студентите знаења и вештини потребни во денешната компетитивна бизнис средина.
Меѓународен бизнис и глобални пазари
Во овој модул се изучуваат релевантните теории за меѓународниот менаџмент за да помогнат во поставување на меѓународниот бизнис и неговото управување и стратегија.
Управување со социјален и културен менаџмент 2
Главната цел на модулот е анализа на разликата помеѓу Генералната и Рестриктивната Економија. Студентите треба да ја разберат културната логика на доцниот капитализам; логиката на кибернетското општество, економијата на комплексните системи како и односот помеѓу етиката и развојот на пазарната економија
Операциони истражувања и логистика
Модулот се фокусира на начинот на кој компанијата ја покрива побарувачката со понудата. Студентите ќе научат како да го достигнат оптималното ниво на флексибилност на понудата за дадена индустрија и да истражуваат стратегии за зголемување на истата. Метеријалите ги покриваат основите на supply chain менаџментот, економија на понуда и побарувачка, пазарна средина и потрошувачка психологија, логистика на supply менаџмент, supply chain менаџмент како компетитивна предност и идни трендови на supply chain менаџментот.
Управување со транснационален бизнис менаџмент
Во овој модул напредно е прикажан глобалниот контекст на бизнисот – политички, економски, општествен, технолошки, финансиски – во кој бизнисите работат и ги префрлаат ресурсите низ целиот свет. Овде се применуваат релевантните теории за меѓународниот менаџмент за да помогнат во поставување на меѓународниот бизнис и неговото управување и стратегија
Изборни
Корпоративни Финасии
Модулот започнува со принципи на финасии и продолжува навлегувајќи во теми како лизинг, спојувања (mergers), и мултинационални финансии. Финансиски теории се користат во инвестициски инструменти, вклучувајќи акции, обврзници, опции и идни пазари. Капитално буџетирачка цена на капиталот, проценки, и ризик се изучуваат исто така; проценките и ризикот се обработуваат преку напредни анализи.
Управување со информациски системи 1
Примарната цел на овој модул е да ги прошири знаењата и вештините во користењето на IT во менаџирањето и анализирањето на податоци, со цел да се подобри квалитетот во донесувањето на одлуки во динамичното бизнис опкружување.
Статистика во Бизнис
Предметот ја развива способноста на студентите да се справат со нумеричките и квантитативните проблеми кои се јавуваат во бизнисот. Тие ќе бидат оспособени за користење на статистички, графички и алгебарски техники, за им пристапуваат на тие проблеми со адектавен IT софтвер, секаде каде што е релевантен. Прецизна проценка на нумеричките резултати, со или без користење на IT, овозможува ефикасни бизнис одлуки.
Управување со информациски системи 2
Примарната цел на овој модул е да ги прошири знаењата и вештините во користењето на IT во менаџирањето и анализирањето на податоци, со цел да се подобри квалитетот во донесувањето на одлуки во динамичното бизнис опкружување.
За повеќе информации контактирајте не на следниот линк.