Конкурс за упис на студенти на додипломски студии
Приватна Високообразовна Професионална Установа за Бизнис Студии
ЕУРО КОЛЕЏ – Куманово
К О Н К У Р С
За запишување на студенти на додипломски студии во академска 2024/2025 г.
Врз основа на член 108 од Законот за високото образование и Правилникот за условите и критериумите за запишување на додипломски студии на Еуро Колеџ – Куманово, Наставничкиот совет на седницата за определување на бројот на студентите за запишување во I година во академската 2024/25 година го предлага следниот број на студенти:
Јазик на кој се изведува настава | Слободни места | Редовни студенти | Вонредни студенти | Времетраење на студии |
Македонски Јазик | 65 | 25 | 35 | 6 – семестра |
Англиски Јазик | 30 | 10 | 20 | 6 – семестра |
Вкупно: | 90 | 35 | 55 |
Право на запишување на додипломски студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука. Услови и критериуми за запишување
Документи за пријавување и запишување
-
- пријава за запишување
-
- оригинални свидетелства од I – IV година
-
- свидетелство за завршено средно образование
-
- документ за положена државна матура
-
- извод од матична книга на родените
-
- доказ за државјанство (уверение или решение)
- две слики ( големин 2 х 3 см.)
Конкурс за упис на студенти на постдипломски студии
Приватна Високообразовна Професионална Установа за Бизнис Студии
ЕУРО КОЛЕЏ – Куманово
К О Н К У Р С
За запишување на студенти на Втор циклус Постдипломски специалистички студии по Бизнис Администрација во академска 2024/2025 г.
Врз основа на член 108 од Законот за високото образование и Правилникот за условите, критериуми и правила за запишување на постдипломски студии на Еуро Колеџ – Куманово, Наставничкиот совет на седницата за определување на бројот на студентите за запишување во академската 2024/25 година го предлага следниот број на студенти:
Втор циклус (специjалистички) стручни студии
Насока: Бизнис Администрација |
||||
Јазик на кој се изведува настава | Слободни места | Редовни студенти | Вонредни студенти | Времетраење на студии |
Македонски Јазик | 52 | 25 | 27 | 1 година |
Англиски Јазик | 23 | 10 | 13 | 1 година |
Вкупно: | 75 | 35 | 40 |
Услови и критериуми за запишување
- Право на запишување на втор циклус на студии на ПВПУ Еуро Колеџ имаат кандидати со завршени студии од прв циклус.
Рокови за пријавување и запишување
I УПИСЕН РОК | II УПИСЕН РОК | |
Пријавување на кандидатите | 01.10 до 31.10.2024 | 01.01 до 31.01.2025 |
Документи за пријавување и запишување
-
- Пријава за запишување
-
- Диплома за завршен прв циклус на студии (оригинал или нотарска заверка)
-
- Извод од матична книга на родените
-
- Уверение за државјанство на РМ (уверение или решение)
- Две слики ( големина 2 х 3 см.)