Од 25ти до 30ти март, во Рим, професорски тим од Еуро Колеџ беше дел од првиот Learning Mobility во склоп на КА203 Еразмус+ проектот “Културолошки студии во бизнис”. Проектот е предводен од универзитетот Ла Сапиенца од Италија, и се реализира во соработка со високобразовни институции од Македонија, Литванија, Португалија, Албанија и Хрватска. Претставниците од овие институции ја дискутираа можноста за изработка на пилот МБА програма “Културолошки студии во бизнис”.