Во период од 16 до 21 Maj годинава, студентите и професорите на „Еуро Колеџ“ преку проектот за Еразмус мобилност подржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност а кој беше организиран во соработка со University College “CEPS – Center for Business Studies” – Кисељак од Босна и Херцеговина имаа можност да разменуваат знаења од областа на Бизнис интелигенција.
Тројца професори од University College “CEPS – Center for Business Studies” од Босна и Херцеговина одржаа предавања пред студентите и професорите на „Еуро Колеџ“ -Куманово за употребата и претставувањето на податоци за бизнис интелигенција. Веќе години наназад или поточно од 2017 година, Еуро Колеџ-Куманово остварува успешна соработка со University College “CEPS – Center for Business Studies”. Во склоп на проектот беа договорени идни активности и проекти кои само ја потврдуваат успешноста на уште еден Еразмус + проект.