Уште еден успешно реализиран проект на „Еуро Колеџ“-Куманово за Еразмус мобилност подржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а кој беше организиран во соработка со Apollos University од Америка.
Во период од 20 do 25 мај 2022 год., наставниот кадар на „Еуро Колеџ“ Куманово имаше можност да размени знаење и искуства во врска со образовниот процес, со подобрувањето на компетенциите и знаењата во креирање на образовната стратегија како и да ја продлабочат својата соработка со колегите од Apollos University од Америка.
Оваа соработка е мошне значајна за студентите на „Еуро Колеџ“-Куманово, отворајќи им врата на студентите во иднина да се образуваат по најсовремени програми како и за идни студентски мобилности преку Еразмус проекти.