Програмата се однесува на образование на возрасни и се состои од 14 теми, поделени во 3 модули.Реализирањето на програмата е за период од 3 месеци. Програмата е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања од областа на сметководството што ќе им овозможи проширување на нивните знаења и вештини и полесно вклучување на пазрот на трудот
По завршувањто на обуката според програмата службеник во книговодство, учесникот ќе биде подготвен да:разликува информации од финансиските извештаи на трговските друштва; користи сметковен план;контира сметководствени настани;евидентира постојани средства;евидентира тековни средства,евидентира капитал и обврски,евидентира трошоци,расходи и приходи;изработува калкулации и врши пресметки за потребите на сметководствената евиденција;евидентира пресметка и распределба на финансиски резултат;применува законска регулатива и стандарди;применува сметководствени принципи и правила; применува стекнати знаења,вештини и компетенции од доменот на службеник во сметководство при реализирање на практична обука во книговодствено биро или фирма.
Критериуми за влез во програмата:
- Лицето да има завршено средно тригодишно или четиригодишно образование
- Лицето да биде постаро од 15 години
Стандард на занимање:
- Согласно националната класификација на занимања, изработена од страна на Завод за статистика во Скопје, 2011, шифра 4311 занимање- Службеници во книговодство, поточно шифра 4311.06, занимање- службеник во книговодство
Наставна програма:
Теми во прв модул:
- Поим за сметководство, сметководствени информации и сметководствени принципи
- Финансиски извештаи
- Сметководствена документација и ликвидирање на влезни и излезни документи
- Сметководствени настани, сметки и правила за евиденција на сметки
- Деловни книги
Теми во втор модул:
- Сметковен план
- Евиденција на постојани средства
- Евиденција на тековни средства
- Евиденција на капитал и обврски
- Евиденција на трошоци,расходи и приходи
Теми во трет модул:
- Пресметка и евиденција на финансиски резултат
- Пресметка и евиденција на даноци
- Изработка на целосен практичен пример за сметководствена евиденција во трговски друштва
- Практична обука во книговодствено биро или во фирма