Денеска министерот Адмирим Алити на работна средба го прими претседателот на Управниот одбор на Еуро Колеџ- Куманово, Ранко Цветковиќ. На средбата се разговараше за важноста на институционалната поддршка за подобрување на услугите кои помагаат во областа на образованието.
Меѓу темите за коишто се разговараше, беа и можностите за соработка меѓу универзитетите и државните органи со цел да се понуди што поголем квалитет, со дигитални и иновативни услуги за младите во образованието.
Двајцата соговорници се согласија дека ваквите средби треба да продолжат и да се преземат конкретни чекори во таа насока.