Студиската програма го подобрува развојот на интердисциплинарни клучни квалификации кои на студентите им даваат можност да бидат успешни и во исто време одговорни во одлучвање и делување на водечки позиции. Сепак главна цел на програмата е во оспособување на студентите со професионални вештини преку непосредна практична примена и имплементација на научните сознанија и методи, со помош на конкретни примери прикажани од страна на професори кои имаат академско но и практично искуство по предметот.
Наставната програма за специјалистички стручни студии од втор циклус по Бизнис Администрација при Установата, е конципирана да одговори на барањата на локалната и економиите во регионот, во контекст на модерните трендови во бизнисот во Европската Унија, и врз основа на европските стандарди за степен на образование.
Специјалистичките студии се наменети за студенти со завршени додипломски студии, кои:
- Сакаат да се здобијат со знаења и вештини кои обично не се добиваат на работното место.
- Сакаат да напредуваат во својата кариера со тоа што ќе ги искористат можностите за воспоставување на корисни контакти со колеги студенти/професори, како и контактите што ги нуди Центарот за Кариера при Установата.
По успешното завршување на специјалистички стручни студии од втор циклус по Бизнис Администрација во времетраење од една години, студентите се стекнуваат со следната диплома:
- Седми Степен и звање Специјалист по Бизнис Администрација ( Specialist of Business Administration)
Наставна Програма
Студиската програма на ПВПУ„ Еуро Колеџ„ Куманово на своите студенти им нуди повеќенаменски бизнис операции во мали, средни и мултинационални претпријатија. Овие бизниси ја градат економијата, влијаат на животниот стандард, на природата на пазарот на трудот и на кариерни одлуки на многу идни студенти.
VII – семестар
- MB201 Организациска Теорија и Развој
- MB202 Глобален Маркетинг
- MB203 Методологија на Истражување
- Изборен предмет
- МБ206 Меѓународна економија
- МБ207 Иновации и претприемништво
- МБ209 Корпоративни Комуникации
VIII – семестар
- MB204 Културен и социјален менаџмент
- MB205 Специјалистички труд
- Изборен предмет
- МБ208 Финансии и менаџмент на финансии
- МБ210 Бизнис Моделирање
Листа на задолжителни, изборни и слободни изборни предмети.
Цели на програмата.
Целта на програмата е студентите да се стекнат со академско но воедно и професионално знаење за Бизнисот за да можат професионално да ги исполнат сите задачи кои ќе им бидат побарани од нив во компаниите, здруженијата или јавните органи или да бидат во можност да развијат свој сопствен бизнис преку кој ќе ја подигнат економијата на ниво на Македонија и воедно ќе ја намалат стапката на невработеност.
Специфични дескриптори
Дискриптори | Опис |
---|---|
Знаења и разбирање | - интегрирање на претходностекнати знаења и искуства поврзани со процесите на организирање и водење на различни форми на бизниси, управување со организации и човечки ресурси; - напредно познавање на процесот на формулирање и имплементација на бизнис модели и стратегии; - напредно познавање на концептите и поединостите на меѓународниот бизнис и економија и информациско-комуникациски системи практикувани во истите; - напредно познавање на методологија на научноистражувачка работа и нејзина апликација. |
Примена на знаењата и разбирањета | - примена на напредни менаџерски методи и техники поврзани со структурирање, организација и водење на различни видови на бизнис; - самостојна анализа и интерпретација на релевантни информации во процесот на менаџерско одлучување; - напредно дизајнирање и имплементација на бизнис стратегии во конкретен бизнис амбиент и во рамките на воспоставените етички стандарди во индустријата. |
Способност за проценка | - способност за донесување менаџерски одлуки со висок степен на сложеност; - способности за раководење и делегирање авторитет; - способност за препознавање на лидерски квалитети, на градење и координирање на тимови и оценка на тимски и индивидуални перформанси; - способност за идентификација, анализа и предвидување на промени на бизнис фактори кои влијаат на остварување на целите на компанијата и идентификација на алтернативни решенија произлезени од истите; |
Комуникациски вештини | - концепциско размислување и ефективно комуницирање на идеи и информации на надредени и подредени лица во компанијата; - напредни комуникациски вештини во деловно комуницирање и градење на долгорочни релации со релевантни субјекти и тела; - комуникациски вештини за ефективно справување со конфликти и стрес на работното место. |
Вештини на учење | - развиена култура и капацитет за континуирано усовршување и надоградба на стекнатите знаења; - нагласено развиено критичко размислување, синтеза на информации и извлекување на заклучоци. |