Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со познавања за дигитална обработка на текст и табеларни пресметки. Програмата е поделена во два модула, во првиот модул се изучува работа со текстуални документи, а во вториот работа со документи за табеларни пресметки. Модулите вклучуваат настава во времетраење од 24 часа, поединечно, или вкупно 48 часа, и ќе се изведува 2 месеци. За понатамошно напредување може да се изучува систем за менаџмент на дата база како што е Микрософт Аксес.
По завршувањето на обуката учесниците ќе се стекнат со познавања на компјутерски програми кој се дел од канцелариска работа. Ќе можат успешно да креира, прифаќа и обработува текстуални документи и нивно запишување на медиум за чување, да вметнува табели, цртежи и слики, да креира внатрешни и надворешни линкови кон други документи, да припреми документ за печатење или за друга дигитална дистрибуција и менаџирање на документи. Исто така ќе можат да изработуваат комплексни табели и да креираат графикони. Со комбинирање на овие компјутерски програми. учесниците ќе можат да креираат и комплексни извештаи потребни за нивната работа.
Критериуми за влез во програмата:
- Лицето да има завршено средно тригодишно или четиригодишно образование
- Лицето да биде постаро од 15 години
Наставна програма:
Теми во прв модул:
- Работење со документи
- Уредување на документи
- Употреба на алатки за коригирање текст
- Работа со табулатори и инденти
- Работа со маргини, страници и проред
- Работа со стилови
- Креирање внатрешни и надворешни линкови
- Додавање хедери, футери и броеви на страници
- Печатење и конвертирање на документи
- Креирање на нумерирани и булет листи
- Додавање на слики во документи
- Работа со табели
Теми во втор модул:
- Креирање и работење со работна книга
- Внесување на податоци во работна табела
- Изведување на прости пресметки
- Работа со формули и разбирање на референца на ќелија
- Пресметување на функции
- Изглед на работна табела
- Промена на изглед на текст и броеви
- Граница и сенки на ќелии
- Работа со опсег
- Вметнување на ќелии, редови и колони
- Печатење и конвертирање на работна книга
- Креирање и работа со графикони