Почитувани студенти,
Сакам да Ве известам дека поради експоненцијалното ширење на Ковид-19 вирусот, а во склоп на препораките на владата на Република Северна Македонија, ние како Високообразовна Професионална Установа имаме важна улога во спречување на понатамошно ширење на вирусот. Системот за јавно образование на Р С. Македонија донесе одлука за привремено затворање на училишта, универзитети и други установи од јавен карактер. Најавуваме дека од утре 11 март 2020 година нашата установа ќе биде затворена за сите студенти до 24 март 2020 година. Ние ќе ги следиме сите дополнителни упатствија за училиштата, универзитетите и другите установи од јавен карактер издадени од нашата влада, и во согласност со нивните препораки, доколку е потребно, ќе го продолжиме овој период.
На нашите студенти ќе им се овозможи непречено следење на предавањата, односно сите активности ќе се изведуваат согласно Академскиот календар. Студентите и професорите ќе продолжат да ја изведуваат наставата онлајн преку Google системот за кој до петок ќе добијат инструкции за начинот на логирање и користење.
Онлајн следењето на наставата е задолжително исто како и редовната настава, но во овој случај препорачуваме предавањата да ги следат, доколку се во можност, и вонредните студенти. На таков начин тие би добиле поквалитена подготовка за полагањето на испитите во априлската и јунската испитна сесија. Посетата на наставата на редовните студенти ќе биде евидентирана на онлајн системот.
Со ваков начин на слушање на предавањата материјалот ќе биде успешно и навремено презентиран според зацртаниот Академски календар за учебната 2019/20 година и, што е уште поважно, можеби на ваков начин ќе ги откриеме поволностите на новиот хибриден начин на студирање.
На сите студенти кои имаат доспеани финансиски обврски кон колеџот за месец Март по маил ќе им бидат пратени фактури кои треба да бидат реализирани најдоцна до 20 март.
Остануваме во комуникација. Ви посакувам добро здравје.