На 11-ти октомври, Еуро Колеџ стана првата високообразовна институција во Македонија и меѓу ретките во регионот да ја прими Европската награда за квалитет.
Настанот беше организиран од Бизнис собранието на Европа како дел од нивниот Самит на лидери во Оксфорд. Високо ценетата награда ја примија менаџерскиот тим на колеџот, д-р jубиша Петрушевски и г. Ранко Цветковиќ, на церемонијата во Оксфордското собрание. Присутни беа и лауреатите од Русија, Казахстан, Украина и други европски, африкански и азиски земји. За време на пленарната сесија наречена „Високо образование во контекст на Голема Европа“, д-р Петрушевски одржа презентација под симболичката тема „Евро колеџ и предизвици на глобалното образование“.