ПВПУ Еуро Колеџ продолжува со успешниот раст на престижната Шангајска листа и сега се наоѓа на 10-то место на рангираните високообразовни институции во земјата, што е за осум места подобар резултат од првото рангирање извршено во 2012 година. Според деканот Љубиша Петрушевски вистинскиот раст допрва следи со оглед на тоа дека постигнувањата на колеџот во последната година (посебно со Ерасмус програмите) ќе влезат во новото рангирање кое треба да се објави во следното рангирање.