Редовно и темелно да ги миете рацете, користете алкохолни марамчиња или дезинфициенси. Избегнувајте близок контакт со болни луѓе од респираторни инфекции. Останете дома ако не се чувствувате добро, дури и со малку зголемена телесна температура или кашлица. При појава на зголемена телесна температура, кашлица и тешкотии при дишењето, навремено побарајте медицинска помош – но прво преку телефонски повик. Да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Од нас зависи!